Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Опасни горештини: Австралијци ги нападнаа плажите во потрага по свежина (ВИДЕО)
Македонија

Опасни горештини: Австралијци ги нападнаа плажите во потрага по свежина (ВИДЕО)

06/03/2023

AA

Делови од источна Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, го забележаа најтоплиот ден во последните две години. На 6 март таму температурите надминаа 40 степени, пренесува Ројтерс.

Во областа Пенрит, предградие во западниот дел на Сиднеј, метеоролозите забележаа 40,1 степени Целзиусови во понеделникот попладне, а во внатрешноста на земјата – околу 41 степен . Синоптичарите известуваат дека ова е најтоплиот ден од 26 јануари 2021 година.

„Ова е мој прв пат да дојдам во Сиднеј. Стигнав утрово и заминувам за неколку часа. Навистина сакав да ја видам плажата Бонди. Воопшто нема сенка. Многу е жешко , па наскоро ќе заминам. Не сакам да бидам на сонце предолго. Плажата е добра, а денот е толку убав“, изјави туристката Џулија Волтерс.

Пријавена е и опасност од пожар. Затоа во многу региони сега е воведена целосна забрана за палење огнови. Поради неподносливите горештини затворени се речиси 35 државни училишта , претежно во внатрешноста на државата.

Топло и суво време – ова останува прогнозата до среда (08.03). „Се формираат неколку топли, ветровити и главно суви денови. Тоа доведува до услови за појава на топлотни бранови со низок до тежок интензитет. Температурите ќе се движат од 30 до 40 степени“, изјави Сара Скали, виш метеоролог.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy