
ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)
Дел од фасадата падна
од зградите кои се наоѓаат на почетокот на улицата Илица, во близина на
плоштадот Бан Јелачиќ во центарот на Загреб.
Просторот е
ограден, а полицијата и пожарникарите се на терен.
Од полицијата
потврдија дека добиле дојава за пад на дел од зградата и дека нема повредени.
Пред само три
недели, од другата страна на истиот плоштад, од зградата на почетокот на
улицата Бакачева се откина дел од фасадата. Се работеше и за големи парчиња кои
лесно можеа да паднат врз минувачите.

