
Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! – Внимавајте, има измами за германски визи за работа!
Германската амбасада преку соопштение апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнат на измами во врска со добивањето термин за работна виза.
Од оваа Амбасада го спомна и последниот случај каде беа приведени 2 жени од Гостивар поради измама со визи, а даваат неколку совети во врска со јазичните сертификати.
„Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат! Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат! Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено“ пишува меѓу другото во соопштението.
