Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ONE MAN SHOW! Која фирма најголемиот акционер и неизвршен директор ќе го плаќа плус како експерт за „услуги поврзани со деловното работење“?
Економија

ONE MAN SHOW! Која фирма најголемиот акционер и неизвршен директор ќе го плаќа плус како експерт за „услуги поврзани со деловното работење“?

08/11/2023

AA

Скопската транспортна компанија „Интер-трансшпед“ планира да ангажира лице со договор за давање услуги на кое ќе му плаќа нето износ од 70.000 денари месечно во период од две години. И тука, на прв поглед, нема ништо невообичаено. И тоа е така додека не се види дека лицето што сака да го ангажира воедно е голем акционер, но истовремено и неизвршен член на одбор на директори на истата таа компанија „Интер трансшпед“.

Станува збор за скопјанецот Никола Ангелевски, кој заедно со познатиот бизнисмен Минчо Јорданов е најголем поединечен акционер во „Интер трансшпед“. Освен што е најголем акционер, Ангелевски е и неизвршен член на Одборот на директори на таа компанија, чија основна дејност била логистика и транспорт на потребите на поранешниот железарски комплекс.

Идејата за ангажман на Ангелевски за (цитираме) давање услуги поврзани со деловното работење на друштвото ќе биде изнесена во форма на предлог одлука пред акционерите на „Интер Трансшпед“. За неговиот ангажман како лице кое дава услуги за деловното работење „Интер трансшпед“ би исплаќал 70.000 денари нето месечно плус персонален данок. И така во период од две години. Тоа значи дека акционерот и директор Ангелевски за неговиот дополнителен ангажман како давател на услуги би наплатил од неговата компанија 27.300 евра во период од две години. Односно би добивал за услугите по две просечни нето месечни плати секој месец.

Како за оваа предлог одлука ќе гласаат и дали воошто ќе гласаат повеќе од 4.900 домашни физички лица кои се мали акционери во таа компанија останува да видиме откако ќе се одржи собрание на акционери кое специјално само за Ангелевски е закажано на 7 декември годинава.

Во „Интер трансшпед“ Јорданов и Ангелевски имаат по 19 отсто од акциите со право на глас, а Симеон Василев поседува 13,5 отсто од гласовите. Во сопствен откуп компанијата држи 10 отсто акции. Од останатите 38,5 отсто акции околу 36,7 отсто се во рацете на повеќе од 4.900 домашни физички лица. Колкава е веројатноста 90 отсто од нив да се појават и гласаат против предлогот што го поддржуваат Василев и Јорданов? Веројанто никаква…

И ова е првиот ваков преседан на „Интер трансшпед“ на македонската корпоративна сцена.

Неизвршниот директор на тоа друштво Борис Ангеловски, кој воедно е и претседател на Одборот на директори, си доби паушал од 1.355 евра (бруто) од друштвото на истиот начин со свикување на акционерско собрание. Повеќе детали има на овој линк https://faktor.mk/i-toa-go-ima-koj-e-neizvrshniot-direktor-shto-bara–paushal-od-1355-evra-vo-firma-shto-tri-godini-raboti-so-zaguba

Според официјалните податоци „Интер трансшпед“ во првите девет месеци годинава има приходи од 423.000 евра, а третиот квартал го завршил со загуба во работењето од 10.000 евра. Во овој период за плати на сите четириесетина вработени компанијата во бруто износ исплатила 271.300 евра.

Повеќе детали за предлог одлуката на следниот линк SEI Net V2

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите

20/02/2026
Македонија

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе

20/02/2026
Македонија

Муцунски и новата бугарска министерка Нејнски разменија честитки и иницираа

20/02/2026
Македонија

Минималната кошница за февруари 2026 изнесува 67.382 денари: Повисоки трошоци

20/02/2026
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
Македонија

ЦУК: Се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

20/02/2026
Македонија

ФОТО Вода тече во училниците во битолското основно училиште Гоце

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите проверуваат врска со други слични

20/02/2026

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поднесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кривично дело убиство, откако

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе ги добијат најавените покачувања?

20/02/2026

Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во странство се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува

Муцунски и новата бугарска министерка Нејнски разменија честитки и иницираа билатерална средба

20/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy