Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангелов на состанок за отпорност во седиштето на НАТО во Брисел
Македонија

Ангелов на состанок за отпорност во седиштето на НАТО во Брисел

08/11/2023

AA

Вчера, 7 ноември 2023 година, во Седиштето на НАТО во Брисел, Белгија, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претседаваше со Вториот состанок на високите национални претставници на Алијансата одговорни за отпорност. Република Северна Македонија ја претставуваше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Украинската вицепремиерка Олха Стефанишина виртуелно од Киев им се обрати на Сојузниците и ја нагласи клучната улога на националната отпорност во одбраната од вооружени напади. На состанокот исто така од страна на високи претставници од Европската служба за надворешни работи се споделија  информации како и помагаат на Украина да ја зајакне својата отпорност.

Генералниот секретар на НАТО ја потенцираше важноста на колективната отпорност за справување со целиот опсег на закани со кои се соочуваме, од пандемии и климатски промени до вооружени конфликти. Сојузниците разговараа за предизвиците за отпорноста во евроатлантската област, вклучително и пошироките импликации од руската воена агресија врз Украина. Беше истакната потребата за зголемена општествена отпорност и поефикасна соработка меѓу цивилниот и воениот сектор, како и во  целата влада.

Овој Втор состанок на високите сојузнички претставници за отпорност следи по одобрувањето на целите за отпорност за 2023 година од страна на лидерите на НАТО Самитот во Вилнус. Генералниот секретар ги повика Сојузниците да продолжат со нивната работа за преточување на целите за отпорност на Алијансата во национални цели за отпорност и во планови за имплементација.

Годишните состаноци на високите претставници за отпорност беа воспоставени како дел од НАТО 2030 агендата за подобра координација на напорите за национална отпорност и зајакнување на консултациите во рамките на НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy