
Онана објасни зошто одби да ја земе „единицата“ во Манчестер јунајтед
За разлика од најголемиот број на голмани кои се стремат да го носат бројот 1 на својот дрес, Андре Онана не ја сака оваа бројка.
И во претходните негови клубови, а и во Манчестер јунајтед тој ќе го носи дресот со број 24.
„Тоа е бројот кој ми се допаѓа. Тоа е мојот роденден. Мојот датум и месец на раѓање и затоа сакам тој број да стои на мојот дрес“, отркива Онана.
Двојката е од неговиот ден, а четворката е од неговиот месец. Онана е роден на 2. април.
