
ОН со јавна благодарност за македонските мировници: „На голем личен ризик, во служба на мирот“
Обединетите нации преку својата официјална страница на Фејсбук им оддадоа признание на македонските мировници кои учествуваат во мировните мисии ширум светот.
„Мировниците на ОН од Македонија #ServingForPeace со Обединетите нации делуваат на голем личен ризик и во тешки услови за да им помогнат на другите. Им благодариме за нивната услуга и пожртвуваност“, стои во објавата.
Со оваа порака, ОН ја истакнаа важноста на ангажманот на македонските претставници во заштитата на мирот и безбедноста во нестабилни региони, како и нивниот придонес кон глобалната солидарност и хуманост.

