Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОМИЛЕНИОТ СИНЏИР НА РЕСТОРАНИ ЗА БРЗА ХРАНА ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Првите три месеци од годинава има голем пад на продажбата
Економија

ОМИЛЕНИОТ СИНЏИР НА РЕСТОРАНИ ЗА БРЗА ХРАНА ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Првите три месеци од годинава има голем пад на продажбата

02/05/2025

AA

Продажбата на ланецот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“
во САД во првите три месеци од годинава се намали, што е втор квартал по ред со
пад на продажбата.

Овој пад во Соединетите Американски Држави, на најголемиот
пазар на кој ланецот работи, изнесуваше 3,6 проценти, што е најголемо
намалување од 2020 година, односно од пандемијата со коронавирусот кога се
применуваше „локдаун“ (целосно затворање). Нето приходот на оваа компанија во
првиот квартал од 2025 година изнесувал 1,87 милијарди долари, додека во истиот
период минатата година изнесувал 1,93 милијарди долари.

Од „Мекдоналдс“ тврдат дека 2024 година била престапна
година со еден ден повеќе за остварување приходи, што придонело за разликата во
продажбата и оваа година. Главниот извршен директор на овој ланец ресторани за
брза храна, Крис Кемпчински, изјави дека потрошувачите се борат со
неизвесноста, но дека останува оптимист за способноста на компанијата да
функционира дури и во најтешки пазарни услови.

Во разговорите со аналитичари тој посочи дека геополитичките
тензии предизвикале економска неизвесност и, како што констатирал, го намалиле
расположението на потрошувачите повеќе отколку што очекувале. Американскиот
пазар е едно од нивните најголеми пазари каде што е забележан пад на
продажбата.

Тие забележале дека во првиот квартал од годинава бројот на
потрошувачи со ниски приходи се намалил за двоцифрен процент, во споредба со
истиот период лани. Покрај тоа, со двоцифрен процент е намален и бројот на
потрошувачи со просечни приходи, во споредба со пред неколку месеци, пренесува
CNN.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy