Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија падна за 6 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници
Македонија

Македонија падна за 6 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници

02/05/2025

AA

Македонија падна за 6 места, односно од 36 на 42 место на Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници.

Таа е последна во групата држави каде ситуацијата е „задоволителна“, а покрај нас, во оваа група се и две земји од регионот.

Се работи за Словенија која напредувала за дури 9 места и е 33-та по ред, и Црна Гора која е погоре за 3 места и е моментално 37-ма.

Сите други пак се во групите со „проблематична“ или „тешка“ состојба.

Класификацијата на Репортерите без граници опфаќа 180 држави од цел свет.

Норвешка останува на првото место на Светскиот индекс на слобода на медиумите за деветта година по ред, задржувајќи ја лидерската позиција со „добри“ резултати во сите пет индикатори. Естонија се искачи на второто место, додека Холандија ја престигна Шведска за да се смести на трето место.

Сепак, индексот покажува глобален пад во слободата на медиумите, со економскиот притисок како главен фактор.

Според РСФ, економскиот показател достигна најниско ниво досега, што ја поставува глобалната ситуација во „тешка“ категорија.

За Македонија, индексот забележува пад во три од пет индикатори, најголем во политичкиот показател, додека во правната рамка и безбедноста има мал напредок.

Проблемите како дезинформации и недостаток на професионализам доведуваат до намалена доверба во медиумите, а економскиот притисок ги става медиумите на уште поголеми тешкотии во одржувањето на нивната независност.

„Финансиската независност на медиумите е неопходен услов за обезбедување бесплатни, веродостојни информации кои му служат на јавниот интерес“, порачуваар од Репортери без граници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy