Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Омбудсманот отвори предмет за деветмесечното починато бебе, се чекаат одговорите од надлежните здравствени установи
Македонија

Омбудсманот отвори предмет за деветмесечното починато бебе, се чекаат одговорите од надлежните здравствени установи

06/03/2023

AA

Заменик-правобранителот Васка Бајрамовска Мустафа во изјава за медиумите денеска соопшти дека Омбудсманот отворил предмет за да се утврдат причините за смртта на деветмесечното бебе, кое почина од туберкулоза. Таа посочи дека Народниот правобранител ќе ја продолжи постапката и ќе ги чека одговорите од надлежните здравствени установи.

-Отворивме предмет по сопствена иницијатива. Имајќи ги предвид наводите објавени во средствата за јавно информирање се обративме до повеќе органи. Се обративме првенствено до меѓуопштинскиот центар за социјална работа по место на живеење на семејството, до Институтот за јавно здравје, до надлежната клиника каде детето се лекувало, како и до Клиниката каде е сместена мајката на детето. По добиените информации ние сме секојдневно во контакт со меѓуопштинскииот центар за социјална работа, каде по интервенциите направен е увид во семејството, преземени се мерки согласно надлежностите. Како што тврди директорката, иако писмено чекаме одговор, дека не утврдиле пропуст во делот на семејната грижа, односно родителската грижа за децата, имајќи предвид дека покрај ова дете семејството има уште три други деца, рече Бајрамовска Мустафа.

Таа додаде дека Народен правобранител ќе ја продолжи понатаму постапката и ќе ги чека одговорите од надлежните здравствени установи, но, како што вели, во процесот ќе бидат вклучени и надлежниот Државен санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство.

-Ќе ги вклучиме и надлежниот Државен санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство. Оценуваме дека е потребно да се испита моментот од пораѓањето, килажата на детето, примањето на вакцината со толку мала килажа за да се утврди дали патронажните служби ги преземале сите оние мерки дури и за информирање. Жално е во 21 век кога има лек, вакцина, кога може и да се превенира таква болест да дозволиме да ни почине дете, рече Бајрамовска Мустафа.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во изјава за медиумите истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy