Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОМакедонскиот дипломатски синдикат испрати отворено писмо до Бујар Османи
Македонија

ОМакедонскиот дипломатски синдикат испрати отворено писмо до Бујар Османи

28/02/2023

AA

Македонскиот дипломатски синдикат реагира на вчерашната дебата во врска со закупувањето на посебна Резиденција за амбасадорот во Вашингтон, САД.

„Зградата на македонската амбасада во Вашингтон беше вселена во ноември 2005 година. Согласно архитектонскиот планот, одобрен од тогашната министерка, на последниот, втор кат на зградата беше уредена Резиденција за амбасадорот.

Идејата беше покрај заштедување средства за изнајмување Резиденција, новата амбасада да добие на тежина и значење со тоа што внатре би била и Резиденцијата на амбасадорот.

Така, сите три претходни амбасадори на Македонија во САД престојувале во Резиденцијата цел мандат, без исклучок. Впрочем, Резиденцијата во Амбасадата е и регистрирана како таква во службата за Протокол на Стејт Департмент на САД.

Оправдувањето на МНР дека Резиденцијата во амбасадата била зафатена (!) од друг дипломат не држи вода. Имено, во дворот на амбасадата, Македонија има уште два стана за дипломати, од кои еден подолг период е празен. МНР тоа го премолчува. Дипломатот, кој за неколку недели секако се враќа во Македонија лесно можел за краток период да се префрли од Резиденцијата во празниот стан, особено бидејќи бил запознаен со тајмингот на пристигнувањето на амбасадорот Попов.

Но, тоа не било сторено како резултат на очигледната желба на амбасадорот да живее надвор од амбасадата и поддршката од министерот Османи кој го имал последниот збор, без оглед на тоа што таквата желба ја чини државата значителни дополнителни средства.

Ова е само кулминација на недомаќинското работење на раководството на МНР. Ќе потсетиме дека во периодот 2019-2020, двајца вршители на должност од МНР во НАТО престојувале во амбасадорската Резиденција во Брисел, без оглед што нивниот лимит за станарина е двојно помал од рентата за амбасадорска Резиденција. Но за тоа потоа. Сите ќе си бидат повикани на одговорност за
злоупотреба на службена должност“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy