
Олимпијакос стигна -16, па Милутинов промаши зицер за продолжение (ВИДЕО)
Се чинеше дека турскиот тим многу полесно ќе дојде до победата бидејќи во текот мечот водеше и со 16 поени разлика (38-22), но на крајот нијанси одлучуваа кој ќе триумфира. Олимпијакос успеа да ја стигне високата негатива, израмни на 71-71 и 74-74, но потклекна во клучните моменти.
Грчкиот шампион имаше напад за израмнување, Вилијамс Гос проби кон кошот, упати шут, топката се одби од обрачот и Милутинов кој беше осамен, требаше само да ја допре за да влезе низ обрачот, но се збуни и не успеа да поентира што ќе значеше и израмнување и вовед во продолжение.
Фенербахче сега има биланс 5/1, а Олимпијакос е на 50% по шест одиграни натпревари. Во следното коло Турците одат во Белград, на Партизан, додека Олимпијакос ја пречекува Басконија.
