Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Олимпијакос со една чудесна четвртина до деветто финале во Евролигата!
Спорт

Олимпијакос со една чудесна четвртина до деветто финале во Евролигата!

19/05/2023

AA

Грчкиот гигант и трикратен европски првак Олимпијакос е прв финалист во кошаркарската Евролига откако попладнево со една чудесна четвртина во која за десет минути прими само два поени, го победи Монако (76-62) за свое деветто финале во кое ќе се бори за четвртиот европски трофеј на фајнлфорот во Каунас (Литванија).

Првото финале по шест години, пирејските црвено-бели го обезбедија со неверојатната трета четвртина која ја добија со неверојатни 27-2, па негативата од 12 поени од полувремето кога ништо не им одеше од рака (29-41) го претворија во двоцифрена предност пред влезот во последниот квартал и предноста потоа знаеа да ја задржат за да дојдат до битка за најпрестижниот европски трофеј кој цела деценија го чекаат, уште од 2013 година кога последен пат се радуваа на европската титула.

Олимпијакос направи серија од 14-0 и скоро шест минути од стартот на третиот период немаше применo кош, па тоа беше најголемата серија од почеток на една четвртина на фајнлфор во европската елита, а ова им е четврти неверојатен пресврт после двоцифрена негатива на меч на Ф4.

Во 2012 година Олимпијакос надомести минус 19 за да ја победи ЦСКА, една година потоа се врати од минус 17 по втората четвртина за да го победи Реал Мадрид, во двете европски титули, а во 2017 година кога последен пат беа финалисти, надоместија минус 13 за да ја минат московска ЦСКА и сега против Монако надоместија 12 поени дефицит за да победат за финале.

МВП-то Саша Везенков со 19 поени и Костас Папаниколау со 15 поени и осум скока беа предводници, додека Мустафа Фал додаде 12 поени. Мајк Џејмс  и Ели Окобо со по 17 поени беа најефикасни кај Монако, а Џордан Лојд имаше учинок од 11 поени.

Вечерва од 20 часот е второто полуфинале, шпанското „ел класико“, Барселона – Реал Мадрид, кое ќе го даде вториот финалист.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy