
Олимпијакос останува енигма за Панатинаикос и во новата сезона
Во саботата во грчкиот Суперкуп доживеа дебакл, а денеска и во првото коло од Евролигата подобар беше тимот од Пиреја. Конечниот резултат е 88-78, но тоа е лажна слика за она што се случуваше на теренот бидејќи победникот се одлучуваше во продолжение, а Слукас пред крајот на основниот дел имаше шут за победа.
Натпреварот го одбележаа неколкуте пресврти бидејќи Панатинаикос во втората четвртина водеше и со 10 поени разлика, а во финишот од мечот Олимпијакос дојде во предност од +3 за потоа да се спасува од пораз во последната минута. Во продолжението, „црвено-белите“ отвори со серија од 12-0 и со тоа ги реши сите дилеми околу победникот.
Ова беше 17. победа за Олимпијакос на последните 18 натпревари против Панатинаикос и фантастичен старт на новата сезона во Евролигата.
И останатите натпревари од денешната програма понудија драма и неизвесност. Фенербахче го победи Армани со 85-82, Реал славеше на гостувањето кај Басконија со 79-77, а Валенсија дома против Монако со 67-63.
