
Олимпијакос го победи Фенербахче во меч со пет гола! (ВИДЕО)
Олимпијакос победи, но не треба да е задоволен од конечниот резултат, имаше водство од 3-0, а на крајот со само еден предност ќе патува во Турција.
Резултатот беше отворен уште во осмата минута кога Фортунис погоди за водство од 1-0, а предноста на Олимпијакос ја зголеми Јоветиќ во 32. минута. Со тој резултат се замина на одморот.
Во 87. минута Чикуињо зголеми на 3-0. Дури по оваа голема негатива Фенербахче се разбуди и заигра подобро.
Тадиќ од пенал во 68. минута намали на 3-1, а конечните 3-2 го постави Кахвечи во 74. минута.
Мрежите мируваа на мечот меѓу Викторија Плзен и Фиорентина.
