Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Олимпијакос ја шокираше Астон Вила, Фиорентина го совлада Клуб Бриж (ВИДЕО)
Спорт

Олимпијакос ја шокираше Астон Вила, Фиорентина го совлада Клуб Бриж (ВИДЕО)

02/05/2024

AA

Астон Вила на домашен терен со 4-2 загуби од Олимпијакос и се наоѓа пред елиминација, Фиорентина со голема мака со 3-2 го совлада Клуб Бриж.

Унаи Емери кој е мајстор за европски натпревари ќе има тешка задача да ја надополни негативата во Пиреа и да го совлада Олимпијакос со три гола разлика.

Грчкиот тим имаше фантастичен старт, по половина час водеше со 2-0 со два гол ана Ел Каби. Во финишот од првото полувреме Оли Воткинс ја намали предноста на Олимпијакос.

По седум минути игра во второто полувреме Диаби изедначи на 2-2, се чинеше дека Астон Вила ќе се спаси од пораз, а има време и за победа.

Но веќе во 56. минута Ел Каби реализираше хет-трик за ново водство на Олимпијакос, а Хезе во 67. ги постави конечните 4-2.

За вечерта на Астон Вила да биде уште полоша се погрижи Даглас Луис кој промаши пенал во 84. минута.

Фиорентина со 3-2 го совлада Клуб Бриж кој двапати се враќаше, но не успеа да извади реми.

Сотил уште во петтата минута донесе предност за Фиорентина, но Ванакен во 17. минута изедначи од пенал.

Белоти во 37. минута Белоти го врати водството на виолетовите. 

Во 61. минута Ониедика доби втор жолт картон, Бриж остана со играч помалку, но Тиаго само две минути подоцна изедначи на 2-2.

Сепак, во 91. минута Нзола погоди за победа на Фиорентина од 3-2.

NZOLA GOLLLLLLL pic.twitter.com/7q7AvNUsw5

— Follow @footitalia1 (@footitalia2) May 2, 2024

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со

04/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа

04/02/2026
Македонија

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026
Македонија

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентарот во Грција

04/02/2026
Македонија

ВИДЕО Нов ЛЕД екран на стадионите – ФФМ го подигнува

04/02/2026
Македонија

ЗАВРШИ БЛОКАДАТА КАЈ БАИР Сообраќајот сè уште пренасочен, „Македонија Пат“

04/02/2026
Македонија

Хидро аларм за утре: Потенцијална опасност од излевање на реките 

04/02/2026
Македонија

Протестот во Битола заврши, сообраќајот сѐ уште се пренасочува

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41041
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Салиу за ромската заедница која протестира против Сејф Сити: Со образование ќе им се овозможи

04/02/2026

Во повеќе градови денеска продолжија протестите на граѓани од ромската заедница кои бараат да им се дозволи да возат без

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа 3,7 степени

04/02/2026

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија вечерва во 19 часот и 50 минути регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,7, чиј

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026

Од 10 април 2026 година, патниците од земји надвор од Европската Унија кои ќе поминуваат низ надворешните граници на 29

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy