Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКТА ќе прави струја со добивката од 9 милиони евра
Економија

ОКТА ќе прави струја со добивката од 9 милиони евра

02/05/2023

AA

ОКТА, најголемиот снабдувач на горива во Македонија, одлучи добивката од 9 милиони евра за 2022 да ја реинвестира во производство на електрична енергија, објави компанијата во својот отчет пред Македонска берза.

Со сумата од добивката, ОКТА ќе гради фолема фотонапонска централа од 12 мегавати. Инаку компанијата во екот на енергетската криза дел од својата деловна активност пренасочи кои инвестирање во производството на струја од обновливи извори, а лани, според податоците на операторот на пазарот на електрична енергија, предал околу 670.000 киловатчасови во мрежата. За овој бизнис потег ќе бидат искористени сопствените ресурси.

„Како дел од долгорочната деловна стратегија на Друштвото за транзиција кон деловни
активности на зелена енергија, ОКТА веќе има инвестиции во фотонапонски електрани кои ги
опслужуваат потребите на одредени потрошувачи, а исто така ја продава произведената
електрична енергија на трговците со електрична енергија. За овие инвестиции ОКТА веќе
поседува лиценца за вршење на енергетска дејност – производство на електрична енергија и
посебна лиценца за вршење на енергетска дејност – трговија со електрична енергија. 

Следејќи
ја дефинираната стратегија, Друштвото има намера значително да ги подобри можностите за
производство и продажба на електрична енергија, со инвестирање во изградба на 12мВ
фотонапонска централа на свое земјиште, за производство и продажба на електрична енергија
добиена од сончева енергија, наменета за продажба на своите клиенти, и помал дел за
задоволување на сопствените потреби од електрична енергија“, објави ОКТА.

Од таму додаваат дека веќе е започната постапката за прибирање на понуди од оператор кој ќе ја изгради фотоцентралата, а деловниот потфат ќе донесе и „заштеда“ во смисла на тоа дека нема да се плати данок на добивка, затоа што целокупниот годишен профит ќе се реинвестира. 

„За оваа цел, Друштвото веќе
започна постапка за прибирање на понуди. Проценетата вредност на проектот се очекува да
изнесува 9 милиони ЕУР. Предложената инвестиција во изградба на фотоволтаична централа од
12 мВ ќе и овозможи на ОКТА диверсификација од својата основна дејност, зголемувајќи го
своето производство и трговија со електрична енергија, а истовремено постигнувајќи
значителна ефикасност на трошоците во работењето, максимизирајќи го повратот на
акционерите на Друштвото од таквата инвестиција. 

Деловната 2022 година ОКТА АД – Скопје ја заврши со остварена чиста (нето) добивка во износ
од 545,996,565.00 денари.
Врз основа на горенаведеното, и по консултации со своите даночни советници и Управата за
јавни приходи, Одборот на директори на својот 204-ти состанок одржан на ден 26.04.2023
3|3
SZQ-0740-001_v02
година, Одборот на директори ја утврди оваа предлог Одлука наменета за Годишното собрание
на акционери, со предлог чистата (нето) добивка остварена во 2022 година да биде распоредена
на начин што ќе биде искористена за инвестиција во 12мВ фотонапонска централа, целејќи со
ваквата Одлука да се постигне проценета корист во износ од 54,599,656.00 денари како даночно
намалување“, дообјаснува ОКТА.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy