
ОКТА ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА – „Пуцко петрол“ докупи акции, сега поседува 11,05 отсто од капиталот
Од ОКТА ја потврдија информацијата на Фактор објавена неодамна, дека нивниот втор по големина акционер, фирмата трговец со нафта и нафтени деривати „Пуцко петрол“, ја засили својата сопственичка позиција во скопската рафинерија.
Имено, „Пуцко петрол“, откако докупил 1.565 акции од ОКТА, сега поседува 11,05 проценти од акционерскиот капитал, и со тоа продолжува да биде втор по големина акционер, после доминатниот грчки сопственик ЕЛ.П.ЕТ Балканике Петролеум.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, ОКТА АД- Скопје објавува дека, по соодветно известување, Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје ја зголеми својата сопственост за 1.565 акции, достигнувајќи вкупно 93.530 акции, што одговара на 11,05 отсто од вкупниот број на акции“, информираат од компанијата преку Македонската берза за хартии од вредност.
Инаку, за овој додатен акционерски пакет „Пуцко петрол“ платил околу 200 илјади евра. Цената по која беа купени акциите беше значително повисока од онаа по која во тој период редовно се тргуваше на Македонската берза.
Повеќе детали за истражувањето на Фактор тука.
Н.Н.Ф.