
ЃОКОВИЌ ЗАГЛАВЕН НА АЕРОДРОМ ВО ИСТАНБУЛ – Порака која ги тресе мрежите, се чини дека некој за малку ќе заглавел
На социјалните мрежи се споделува објава во која се инволвирани двајцата познати тенисери, Новак Ѓоковиќ, и Роже Федерер.
Сепак, поголемиот дел од луѓето кои ја пренесуваат пораката ја користат за шала, особено што истата е навистина урнебесна. Споделувањето започнува на „Инстаграм“, но се споделува и на „Твитер“ и на останатите социјални мрежи.

Кога ќе ја видите пораката и вам ќе ви стане смешно.
„Здраво брат, овде Новак Ѓоковиќ, можеш ли да ми помогнеш?“.
Ова е воведот во урнебесната објава, а тој што ја споедлил напоменува „изгледа ова е измама“.
Кога ќе ја прочитате содржината на пораката, не можете ни да замислите дека личноста што ја составила очекува некој да „падне на неа“.
Пораката пристигнува од сметката „djoker nole PRAVI“ и во неа некој кој се претставува како Новак Ѓоковиќ бара помош.
„Заглавен сум на аеродромот во Истанбул, го изгубив паричникот, можете ли да ми испратите 100 евра во картички за подарок на Амазон?
За да биде уште посмешно, подолу му се придружува Федерер на кој исто така му е потребна помош.
Пораката многумина ја споделија на шега, сепак – изгледа дека има барем еден човек кој се уште не е целосно сигурен дали се работи за измама.
Ali djoker nole PRAVI hahahaba ali it’s the cao ovde Federer for me ahhsahshhshshs https://t.co/ArarXkd1Tp
— svetloplava (@svetloplava13) August 13, 2023
