
Ѓоковиќ во три сета го уништи Фучович
Фучович се покажа како цврст противник во првиот сет и му направи големи проблеми на Србинот, кој го доби сетот дури во тај-брејк со 7-2.
Ѓоковиќ се разигра во вториот сет и го искористи заморот кај неговиот противник, кој се „истроши“ во првиот сет, па стигна до убедливи 6-0.
Српскиот тенисер беше добар и во третиот сет, каде што Фучович даде отпор само на почетокот, по што не можеше да му парира на ривалот (3-6).
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.
