
Ѓоковиќ во „црвено-бело“, ќе ја бодри Звезда во Лигата на шампионите
На Маракана стигна Новак Ѓоковиќ и тоа со уште неколку членови на неговото семејство. За него има резервирано место во ложата од каде ќе го следи дуелот против Јанг Бојс.
Познато е дека Ѓоковиќ е огромен навивач на Црвена Звезда и секоја можност ја користи за да проследи некој натпревар на фудбалска или кошаркарската секција на ова спортско друштво.