
Ѓоковиќ полн со комплименти за Алкараз: Го знам уште кога имаше 12 години
Србинот нема дилеми дека Алкараз во иднина ќе биде еден од главните во светскиот тенис.
„Првпат го гледав на интернет кога имаше 12 години и тогаш веќе освојуваше турнири. Импресивно е тоа што го постигна, негува големи вредности, скромен е и сериозен работник. Фантастично е што го имаме во нашиот спорт, тој ќе биде лидер во тенисот во следните 10-15 години“, смета Ѓоковиќ.