
Ѓоковиќ по маратонскиот меч: Публиката ми даде сила и ми помогна да победам!
Ѓоковиќ двапати по ред славеше со по 3-2 во сетови и ја воодушеви публиката, а по маратонскиот меч доби прашање како успеал да го совлада Аргентинецот.
„Како и во претходниот натпревар, победата е за вас. Во минатиот меч губев со 1-2 и тогаш во четвртиот сет ми дадовте енергија, а така беше и вечерва. Бев на неколку поени од пораз. Не знам како победив. Сепак, ви благодарам за поддршката“, кажа Ѓоковиќ.