
Ѓоковиќ пак одигра како надчовек – вторпат по ред победи по четири ипол часа и со пресврт!
Србинот со овој триумф се пласира меѓу осумте најдобри на овој гренслем и тоа без разлика на проблемите во денешниот меч, особено со повредата на коленото. Тој беше бесен на организаторот што не го среди влажниот терен, поради што тој беше премногу лизгав, а малку фалеше тоа да го чини предавање на дуелот. Тоа се случи во вториот сет, по што стисна заби и го доби за пласман во четврт-финалето.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде подобриот од осминафиналната пресметка помеѓу Тејлор Фриц и Каспер Руд.