
Ѓоковиќ кршеше рекети, но на крај го доби Руне! (ВИДЕО)
Србинот во тричасовната војна против Данецот Руне победи со 2-1, по сетови 7-6 (4), 6-7 (1), 6-3 и со овој триумф го обезбеди првото место на крајот од сезоната – по рекорден осми пат во кариерата.
Но, не беше глатко во текот на мечот, а Новак тотално ги загуби нервите во третиот сет кога имаше предност од 2-0, но го загуби брејкот. Кога замина на своето столче, крвнички искрши два рекета, глетка која е ретка во неговата кариера.
Снимката од инцидентот на Ноле може да ја видите на овој линк.