
Ѓоковиќ го „сомле“ Алкараз за 90 минути!
Алкараз уште во првиот гем имаше две брејк-топки и никој не очекуваше дека ќе се распадне толку лесно против Србинот, кој во првиот сет направи брејк во осмиот гем (5-3) и потоа сервираше за да го добие сетот со 6-3.
Во вториот сет се водеше поголема борба, а Алкараз повторно пропушти две брејк-топки, а потоа следеа и грешки во седмиот гем (5-2) по кој немаше враќање назад за Шпанецот (2-6).
Ѓоковиќ доби шанса да му се реваншира и на Јаник Синер за поразот во групната фаза, кој за малку скапо ќе го чинеше бидејќи ќе останеше без пласман во нокаут-фазата.
Финалето меѓу Синер и Ѓоковиќ во Торино се игра утре од 18 часот.

