
Ѓоковиќ го одигра првиот турнирски меч уште од Ју-Ес опен и – победи!
Ѓоковиќ славеше со 6-3, 6-2, дозволувајќи му на Аргентинецот само еднаш да дојде до брејк-топка, но не и да ја освои. Со оглед дека во првото коло беше слободен, како прв носител, оваа победа го однеси до третото, каде што ќе се сретне со Холанѓанецот Талон Грикспор (23. на АТП-листата).
Денеска во третото коло на мастерсот во Париз се пласираа и (7) Стефанос Циципас, Хуберт Хуркач (11), (13) Алекс Де Минор, како и Григор Димитров, кој уште претладнето го елиминира треторангираниот Данил Медведев.
