
Ѓоковиќ: Доаѓаат нови генерации, но јас не се плашам!
Ѓоковиќ по победата против Талон Грикспор кажа дека е свесен за новата генерација талентирани тенисери, која се заканува дека ќе го симне од врвот, но не се плаши.
„Моето ниво денеска беше многу подобро од првиот натпревар во Дубаи, но секој ден е нов и дава нова шанса, а јас сум задоволен од мојата форма. Новата генерација доаѓа, но јас не се плашам. Одиме понатаму како и досега“, кажа Ѓоковиќ.