Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство
Македонија

Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство

04/05/2023

AA

Околу 25 до 30 отсто од средношколците вршат одредено врсничко насилство спрема нивни врсници, покажува анализа на невладиниот сектор направена минатата година во државата, вели во изјава за МИА, професор доктор Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и претседател на државниот Совет за превентива против малолетничка деликвенција.

– Според таа загрижувачка анализа, дури 14 отсто од децата потврдуваат дека биле жртви на врсничко насилство или булинг и тоа подолг временски период, нагласува Нанев.

Проблемот за врсничкото насилство е долгогодишен, а особено актуелен, по вчерашното убиство на неколку лица во училиште во Србија и информациите во јавноста дека и самиот малолетен убиец, претходно бил жртва на врсничко насилство.

– Врсничкото насилство е тема на која изминатиот период и се посветува внимание, од страна на правници, психолози, педагози, особено од страна на невладиниот сектор. Ова насилство настанува како резултат на искривување на вредностите во општеството. Децата сторители на ваков вид насилство обично сакаат да привлечат внимание. Најпрвин имаше само вербално и физичко врсничко насилство, со исмејување, но сега има и психичко насилство со закани, насилство преку социјални мрежи. Тоа врсничко насилство, ако не се препознае и спречи трае се додека жртвата на булингот не се јави со соодветна реакција. Понекогаш, таа реакција може исто така да биде сериозна, како и самиот булинг. Затоа е неопходно да се делува превентивно во семејствата, училиштата, да се препознава евентуалното врсничко насилство и навреме да се реагира, појаснува Нанев.

Тој додава дека жртвите на врсничко насилство најчесто чувствуваат загрозеност и срам и се повлекуваат. Многу често не биле навреме препознати, се додека проблемот не ја надмине црвената линија.

Нанев нагласува дека на решавање на проблемите со врсничкото насилство, мора да има еден стратешки пристап. Мора да работи стручната фела, преку едукативни програми. Брзо и ефикасно да се препознае врсничкото насилство од кадарот во училиштата и соодветно да се делува. Родителите пак, да обрнат поголемо внимание околу тоа, како се однесуваат нивните деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy