Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Околу 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност, се очекува да се соберат 80 милиони евра
Македонија

Околу 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност, се очекува да се соберат 80 милиони евра

03/02/2023

AA

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Законското решение е веќе во собраниска процедура, а Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар.

Премиерот не прецизира кои фирми конкретно ќе треба да плаќаат данок на солидарност, само нагласи дека данокот ќе се однесува на сите што се опфатени со законот.

-Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите гоини и оној дел што е повисок за 20 проценти се оданочува со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании поединечно, по индустрии, зашто законот е многу јасен, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Виталиа“.

Тој уште еднаш потсети дека ваков закон има и во некои земји од регионот, како и во држави членки на ЕУ.

-Драго ми е што законот е усвоен на Владата и веќе е испратен во Собранието. Данокот за солидарен придонес не е карактеристика само за нашата држава, туку и за многу други земји, членки на ЕУ и земји од регионот. Законот е донесен низ инклузивен дијалог со стопанските комори и со компании кои оствариле високи профити изминатите години. Уште на почетокот на кризата кажавме дека ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството, потенцира Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy