Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКОЛУ 1.400 ПРИЈАВИ ЗА ДВА ДЕНА ЗА МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ – голем интерес за Оперативниот план
Економија

ОКОЛУ 1.400 ПРИЈАВИ ЗА ДВА ДЕНА ЗА МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ – голем интерес за Оперативниот план

11/06/2025

AA

На информативен ден за мерките од Оперативниот план за вработување што денеска се одржа во Струмица, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од мерката Поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент е ставена на поддршката на младите лица.

– Со историски висок буџет за Оперативниот план, кој е зголемен за 7,5 милиони евра и годинава е во вредност од преку 40 милиони евра, како никогаш досега Владата дава поддршка за младите да започнат бизнис или преку практикантство и обуки да се стекнат со разни вештини со што би се зголемила нивната вработливост и тие би биле поконкурентни на пазарот на труд. 

Наша цел е да ги задржиме младите во Македонија, имаат пријател и партнер во Владата која ги поддржува, а најдобар доказ за тоа е овој Оперативен план, каде покрај бројните нови мерки наменети само за нив, во сите останати мерки е предвидено најмалку 40 отсто од средствата да бидат наменети за младите лица – истакнал Ристески.

Како што соопшти Министерството за економија,  Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, пред присутните говорела за постапките поврзани со аплицирањето за користење на некоја од мерките на Оперативниот план и ги повикала сите заинтересирани да аплицираат во некој од 30-те центри за вработување низ државата.

– Таа информира дека интересот за мерката самовработување (претприемништво) е голем и во првите два дена од објавата на огласите досега се доставени околу 1.400 пријави – се наведува во соопштението. 

Директорот за поддршка на претприемаштвото, Даниела Димовска, се осврнала за поддршката која ќе им биде дадена на сите лица кои ќе добијат средства од мерките, како што се стручното советување во креирањето на бизнис-план, како и обуките за претприемништво и менторството.

Министерството за економија информира дека јавните повици траат до 20 јуни, а во наредниот период ќе се објават јавни повици и за другите мерки од Оперативниот план.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy