
Јокиќ и со ѕверски трипл-дабл беше трагичар во поразот на Денвер (ВИДЕО)
Србинот средбата ја заврши со 35 поени, 20 скока и 11 асистенции, што беше втор по ред пораз на „нагетси“ кога тој има трипл-дабл и тоа по победи на претходните 25 средби по ред со негово вакво остварување. Јокиќ воедно беше и трагичар во својот тим, со оглед што прво промаши шут за победа, а потоа и за продолженија, откако претходно имаше и едно утнато слободно фрлање во последната минута, кое во многу ќе го променеше текот на мечот.
Зад него во тимот на Денвер беше Мајкл Портер јуниор со 23 поени, додека Џамал Мареј постигна 16 поени, но со ужасен шут од поле (5/19). Микал Бриџис со 25 поени беше најефикасен кај „мрежичките“. И покрај овој пораз, Денвер останува убедливо прв во Западната конференција со скор 46-22, додека Бруклин е петти на Истокот со учинок 39-29.