Охрид се раздели со Хрватот Бура
Како што објавија тој е слободен во изборот да си бара нова средина. Во минатото Бура настапуваше во Унгарија и во Словенија каде што го носеше дресот на Горица.
„Клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува десниот бек Луцијан Бура. Му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме успех во неговата ракометна кариера“, објави Охриид.
Хрватскиот ракометар во Охрид пристигна во мај оваа година.