Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охрид добива казино, на истата локација бизнис отвора и Кичеец
Економија

Охрид добива казино, на истата локација бизнис отвора и Кичеец

21/08/2024

AA

Австриската компанија за игри на среќа „Макотен“ ќе отвора уште едно казино под брендот „Фламинго“ – овој пат во Охрид во комплекс хотел Голден Бич. Со тоа Охрид ќе го добие своето прво „оригинално“ казино, затоа што досегашните беа исклучиво електронски.

Комплексот Парк Голден Бич се наоѓа на најлуксузната локација во близина на Охрид, а во негови рамки е и хотелот Голден Вју. Инаку досега казината „Фламинго“ ги имаше на граничниот премин Богородица и во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад. „Макотен“ уште од почетокот на летото во Охрид отвори школа за дилери, а преку огласи бараше и хостеси, рецепционери, келнери, хигиеничари и друг потребен кадар.

На истата адреса каде што ќе има казино, свои активности подготвува и контроверзниот бизнисмен Зоран Милески Кичеец. По неговото излегување од затвор годинава тој таму ја регистрираше фирмата З&М Компани ЛТД Охрид со дејност хотели и објекти за сместување. Кичеец во мај на истата адреса под иста фирма ја регистрира и подружница 4Л со дејност – ресторани и подготовка на храна. Во јуни Дино Милески станува сопственик на местото на Зоран Милески. Според она што го кажуваат охриѓани, но и според претходните конфискации на Обвинителството, свои апартмани таму има и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Инаку во релативно краток рок во Македонија започнаа со работа неколку големи класични казина во кои рачно се делат карти со крупие. Од април годинава официјално почна со работа „Адмирал Казино“ во хотелот „Лимак“ во Скопје, а потоа набрзо вратите ги отвори и „Апекс“ во хотелот „Луксор“ кај граничниот премин Блаце.

Според правилата на Министерството за финансии, казината треба на буџетот да му исплатат еднократен износ за лиценцата во висина од 600.000 евра, да исплаќаат 20 отсто од разликата помеѓу уплатениот и исплатениот износ од автоматите, како и да плаќаат од 1.725 до 3.000 евра по маса за играње на месечно ниво. Плус, 3 отсто од разликата помеѓу уплатата и исплатата треба да се исплати на сметка на Министерството за здравство.

Новоматик преку „Макотен“е краен сопственик на казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица, како и казиното во хотелот „Мериот“ во Скопје. 

Од останатите популарни казина во земјата, познато е уште и „Принцес хотел и казино“ на Богородица во Гевгелија.

Овие казина треба да прикажат и одржуваат основна главнина од 2,5 милиони евра за да можат да работат. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46987
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики им помага на младите

29/11/2026

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ Сообраќајот е во прекин

29/11/2026

Патниот правец пред кумановското село Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал на

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен

29/11/2026

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар. Станува збор за државното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy