Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Охрид ја пречека Христијана Парулеска – европската шампионка во традиционално таеквондо
Македонија

Охрид ја пречека Христијана Парулеска – европската шампионка во традиционално таеквондо

25/04/2023

AA

Граѓани на Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков денеска на Градскиот плоштад ги пречекаа македонските репрезентативци во традиционално теаквондо, и пред се златната кадетка од Европскиот шампионат, Христијана Парулеска.

Парулеска на контитненталниот шампионат одржан изминатите денови во Италија во силна конкуренција и далеку побројни репрезентации успеа да освои два медали – сребро во категоријата борба со замислен противник и злато во борба, со што се искачи на европскиот трон.

Со двете освоени медали таа беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство во вкупен пласман, што е прв таков успех за индивидуален спортист од земјава постигнат на Европски шампионат.

– Се чувствувам многу возбудено и ви благодарам на сите што дојдовте тука. За да се достигне тронот на Европа треба многу напор, многу труд и вежбање. За мене овој спорт значи живот, рече Парулеска, видно возбудена од пречекот организиран за нејзиниот успех на Европското првенство.

Нејзиниот тренер и селектор на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски, од своја страна истакна дека постигнатиот успех е резултат на долгогодишен труд и посветеност.

– Освојувањето пехар за најдобар поединец со седум репрезентативци, во конкуренција на репрезентации со стотици натпреварувачи, беше како невозможна мисија. Ова е историски успех, прв пехар што некој натпреварувач го освоил во поединечна конкуренција – европски шампион и најдобар меу најдобрите, рече Лазаревски кој уште рече дека ќе продолжат со интензивни тренинзи и подготовки за наредните натпреварувања, пред се за светското првенство што треба да се одржи во Астана, во Казахстан.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изрази задоволство од освоените награди во Италија, посочувајќи дека се работи за врвен спортски успех, пехар за најдобра кадетка на Европско првенство.

– Од наша страна поддршката ќе продолжи, како финансиски така и со вложување во инфстраструктура, за да се создадат услови за дополнителни успеси. Ова е еден од светлите примери кога одредена фирма поддржува еден спорт, а успесите не се само ова првенство туку континуитет на што круна е токму овој пехар, рече Пецаков посакувајќи им на репрезентативците успеси во натамошните натпреварувања.

Следните настапи на македонските репрезентативци во традиционално таеквондо се натпреварите на Меѓународниот турнир во Зворник, Србија, потоа следува Отворениот турнир во Софија, Бугарија, како и турнирот што во јуни треба да се одржи во Охрид.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy