Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки
Економија

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

16/10/2024

AA

АД ЕСМ ќе побара кредит од 82 милиони евра (точно 5 милијарди денари) истовремено од четирите домашни деловни банки – Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка и Уни банка со образложение дека со тие пари ќе се подобри ликвидноста во работењето.

Владата на 8 октомври на седница донела одлука да го задолжи Министерството за финансии да издаде државна гаранција за финансиските обврски што државните електрани ќе ги имаат преку договорот за синдициран кредит што ќе биде склучен со македонските банки, објавено е во Службен весник.

– Со оваа одлука Владата во име на РСМ издава државна гаранција со која го гарантира навременото и целосно исполнување на обврските на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје кон Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје по основ на главен долг и камата кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит за измирување на достасани обврски со цел одржување на ликвидност и итна финансиска консолидација на АД ЕСМ во износ од 5.000.000.000 (пет милијарди) денари, пишува во одлуката.

Рокот на отплата ќе биде до десет години со вклучени две години грејс период и договорна камата по каматна стапка во висина на актуелната референтна стапка, но зголемена за каматна маржа од, како што пишува во одлуката „2,0 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,2 проценти годишно, доколку АД ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот“

– Се овластува министерот за финансии да склучи договор за издавање на државна гаранција со Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје и договор за обезбедување на државната гаранција со Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со кои ќе се регулираат правата и обврските кои произлегуваат од издадената државна гаранција, дополнето е во одлуката.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела потврди дека државниот буџет повеќе нема да го субвенционира АД ЕСМ,туку дека државните електрани ќе се задолжуваат со кредити кај домашните деловни банки преку бизнис идеи и планови. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план. 

– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска. 

И министерката за енергетика Сања Божиновска пред две недели како одговор на новинарско прашање рече дека ќе бидат потребни финансиски средства за справување со кризата пред се во РЕК Битола, поради чија нефункционалност, во континуитет од септември мара да се набавуваат поголеми количини на електрична енергија од надвор.

– Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии – со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки, рече Божиновска.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy