Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии
Економија

Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

13/03/2025

AA

Огромен интерес за
македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската
делегација, официјалните и неформалните средби на претседателката Гордана
Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска со актуелни и поранешни
светски лидери предизвикаа внимание од медиумите и меѓународните институции.

Претседателката и
министерката учествуваат на престижниот меѓународен самит, каде што на истата
маса со сегашни и поранешни државници, претставници на глобални институции и
стратешки партнери разговараат за иднината на светскиот поредок.

Овој форум, под
наслов ’Rethinking World Order: Turning Challenges into Opportunities‘,
собира клучни лидери и експерти од различни сектори за да дискутираат за
актуелните глобални предизвици и можности.

Учеството на овој
форум е значајна прилика за Македонија да се позиционира како активен учесник
во глобалните дискусии. Темите на дискусијата, од геополитика до енергетска
безбедност и нови технологии.

„Имаме многу да
понудиме и да научиме во контекст на енергетската соработка и иновациите.
Заедно, ќе создадеме одговорни партнерства и ќе ја истакнеме улогата на
средните сили во новиот мултиполарен свет“, истакна министерката Божиновска.

Во рамки на
самитот, министерката Божиновска размени мислења со истакнати меѓународни
лидери, вклучително и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ,
поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, како и Амир
Досал, кој беше директор на Фондацијата за ОН.

Огромен интерес од
страна на медиумите за македонската делегација, која ја предводи
претседателката Силјановска-Давкова, е потврда за значењето на нашето учество
на форумот. Разговорите со влијателни меѓународни актери отвораат нови можности
за продлабочување на економските и енергетските врски на Македонија со светот.

XII Global Baku
Forum е еден од најзначајните меѓународни настани, каде што се креираат
глобални стратегии и партнерства. Фокусот на годинашниот форум е мултиполарниот
свет, економските и геополитичките предизвици, како и иновативните решенија за
иднината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски

18/01/2026
Македонија

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Најстудено денеска на Попова Шапка, -1 степен

18/01/2026

Македонија

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на

18/01/2026
Македонија

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

18/01/2026
Македонија

28-годишен битолчанец ја истепал својата 79-годишна баба која претрпела тешки

18/01/2026
Македонија

АКО СЕ ПОВЛЕЧЕТЕ, ДРУГ ЌЕ ГО ПОПОЛНИ МЕСТОТО Не останува

18/01/2026
Македонија

Мицкоски обвинува за „мафијашки упади“ за време на вонредната состојба,

18/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40326
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски на изјавата на премиерот Мицкоски

18/01/2026

Уставниот суд уште пред повеќе од 5 години потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот, а

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Попладнево се спроведуваат претреси кај судијата Ѓоко Ристов, кој суди во Апелациониот суд во Скопје. Информацијата e потврдена од Обвинителството

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на лекар поради вдишување чад

18/01/2026

Во СВР Велес вчера во 10.45 часот е пријавено дека настанал пожар во свињарската фарма на правно лице, во село

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy