
ОГРАБЕНАТА КУЌА НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД ГРАДАЧАЦ: Еве што точно украле
Соседите на покојниот Нермин Сулејмановиќ тврдат дека
неговата куќа била ограбена. Од шупата наводно му биле украдени неколку
предмети.
Соседите јавуваат дека некој дошол и од шупата му украл два тримери и количка. Полицијата се
уште не дава никакви информации.
Бодибилдерот
Нермин Сулејмановиќ во петокот на 11. јули во Градачац уби тројца луѓе,
сопругата Невзета Хеќимовиќи, како и Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, кои се
турски државјани,Тој повреди исто толку луѓе, полицаецот Хусеин Коториќ и
граѓанинот Недим Памуковиќ, како и Хариса Ондер, сопругата на Џенгиз Ондер.
Според последните
информации, Хариса Ондер е во тешка состојба. На Хариса и беа отстранети левиот
бубрег, дел од дебелото црево и дел од панкреасот. Свесна е, но психички во
тешка ситуација поради голема загуба. Таа знаела за смртта на нејзиниот сопруг
бидејќи со свои очи го видела неговото убиство. Потоа таа беше ранета. За
смртта на синот дознала кога се разбудила во болница.
Телото на
масовниот убиец уште е во мртовечницата, никој не сака да го земе.
