Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Огнените ќе делуваат како фракција во ДУИ – Ахмети им порача: Фракции не се дозволени
Македонија

Огнените ќе делуваат како фракција во ДУИ – Ахмети им порача: Фракции не се дозволени

01/04/2023

AA

Четири часа по почетокот на седницата на Централното претседателство на ДУИ, дел од членовите кои се познати како ткн. Огнена група го напуштија состанокот и најавија дека ќе функционираат како фракција во партијата. Ова пред новинарите го најави актуелниот организациски секретар во ДУИ, Блерим Беџети.

-Денеска преку вас дозволете да ја информираме јавноста дека разликите се големи и од организационен аспект внатре во ДУИ, но и дебатата за програмските определба, врз основа на што ја добивме и довербата од граѓаните. За жал немаме можност од реална дебата и се користат двојни или тројни аршини во однос на одредени исти и слични прашања и затоа од денеска ние ќе имаме наши ставови бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ, изјави за медиумите Блерим Беџети.

Тие смеаат дека актуелните министри во Владата од ДУИ ја узурпирале партијата со своите одлуки.

-Бидејќи имаме разлики, имаме одредени различни мислења за одредени ставови, ќе имаме наше политичко делување оти сметаме дека министрите ја узурпирале партијата со своите одлуки. Тоа што е надлежност на партијата преминува во надлежност на членовите Владата и тука да се разбереме не се само кадровските прашања, тоа се релевантни и значајни, зборуваме за проргамските определби на ДУИ, рече Беџети.

На новинарските прашања дали и натаму ќе бидат дел од органите на партијата, рече дека се избрани друг партиски орган и дека не се разрешени.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата во изјава за медиумите истакна дека фракции не се дозволени.

„Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Секоја постапка надвор од Статутот е анархија. А анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Начелото е малцинството да се придружи на мислењето на мнозинството, тоа е најдемократското начело. Во спротивно да направиме анархична партија и да работиме кој како сака“, вели Ахмети..

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy