Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОФС Охрид суспендиран од ФФМ поради низа измами
Спорт

ОФС Охрид суспендиран од ФФМ поради низа измами

25/04/2025

AA

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ.

Ваквата одлука е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид. Причини за ова има повеќе:

– Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари (фалсификување на записници за натпревари кои не се одиграни, а се заведени како одиграни со конкретни резултати);

– Увидот во КОМЕТ системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите;

– Судии имаат писмени изјави дека истите биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе на натпреварите, а некои од нив не се ниту судии, а се заведени на тие натпревари како да суделе;

– Комплетната „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид не постои, односно е измислена…

Со ваквите дејствија, како што наведува ФФМ, е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот. ФФМ најави дисциплинска пријава против претседателот и секретарот на ОФС Охрид до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за преземање дополнителни мерки, согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот на ФФМ.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си ја пријави сопругата во полиција, фрлила кон него

12/07/2026
Македонија

Шест лица уапсени, вкупно девет пријави за семејно насилство во

12/07/2026
Македонија

Нов голем дефект кај Охис остави без вода седум населби!

12/07/2026
Македонија

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од ВИ за

12/07/2026
Македонија

Уапсени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без

12/07/2026
Македонија

Авион на „Виз Ер“ пренасочен кон Приштина поради силното невреме

12/07/2026
Македонија

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Пороен дожд и грмежи!

12/07/2026
Македонија

Уапсен малолетник од скопски Сарај, со остар предмет му нанел

12/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец си ја пријави сопругата во полиција, фрлила кон него остар предмет и го повредила!

12/07/2026

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата

Шест лица уапсени, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

12/07/2026

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од

Нов голем дефект кај Охис остави без вода седум населби!

12/07/2026

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy