
ОФИЦИЈАЛНО: Стево Пендаровски кандидат за претседател поддржан од СДСМ
На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледал информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.
“По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата”, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.
“Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност, велат од СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата.

