
Официјално: Рома го продаде Клајверт на Борнмут
Клајверт во изминатите години постојано беше праќан на позајмица, а сега кога имаше уште една година од договорот со Рома, римскиот клуб го продаде целосно.
Купувач е тимот на Борнмут кој за Клајверт плати 11 милиони евра, а треба да доплати и плус еден милион евра во бонуси. Холанѓанецот потпиша петгодишен договор со англискиот клуб.
24-годишниот офанзивен фудбалер во Рома пристигна од Ајакс како голем талент, но откако не ги оправда очекувањата беше позајмуван во Лајпциг, Ница и Валенсија.
