Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Официјално отворен истражен центар во Основното јавно обвинителство Битола
Македонија

Официјално отворен истражен центар во Основното јавно обвинителство Битола

31/07/2025

AA

Основното јавно обвинителство Битола доби истражен центар кој треба значително да ги зајакне истражните капацитети натоа јавно обвинителство.

“Во последниот период, ОЈО Битола работеше на повеќе тешки и сложени предмети особено од областа на економскиот и финансискиот криминал и сомнителни јавни набавки. Новоформираниот истражен центар треба дополнително да ги зајакне капацитетите за истражување најмногу на овие, но и на други кривични дела”, нагласи Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, кој го означи стартот на работата на истражниот центар.

Ова е петтиот по ред истражен центар формиран во Јавното обвинителство согласно член 45 од Законот за кривична постапка. Вакви истражни центри веќе функционираат во обвинителствата во Скопје, Тетово, Куманово и во ОЈОГОКК, а државниот јавен обвинител ги истакна нивните досегашни резултати.

“Во истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во моментов се ангажирани над 20 истражители. Благодарение на донациите од нашите странски партнери, пред се од американската амбасада и од Европската унија кои се и денеска тука со нас, тој истражен центар има една од најсовремените лаборатории за дигитална форензика во регионот и опремен центар за аналитика.
Во истражниот центар во Основното јавно обвинителство Скопје во моментов има 9 истражители и уште 5 кои се повлечени од Министерството за внатрешни работи со наредба за работа на посебно тешки и сложени предмети. Во ова, најголемо обвинителство по обемот на работа, активностите на истражниот центар континуирано растат и практично се удвојуваат на годишно ниво. Така, во 2021 година истражителите постапувале во 99 предмети, во 2022 година во 150 предмети, во текот на 2023 година во вкупно 287 предмети, а во 2024 година постапувале во дури 665 предмети, во кои биле преземени 1476 оперативни истражни дејствија. Истиот тренд на раст продолжува и оваа година, така што истражниот центар во ОЈО Скопје само во првата половина на годинава заклучно со јуни веќе постапувал во околу 430 предмети, во кои биле преземени вкупно 1065 оперативни истражни дејствија, од кои еден исклучително тежок – пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде за дел од дејствијата беа ставени на располагање истражните центри на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК”, наведе Коцевски.

Во истражниот центар на ОЈО Битола за почеток се ангажирани двајца истражители, но не е исклучено нивниот број да се зголемува, најави основната јавна обвинителка Оливера Нечаковска.

“Сметам дека најдобрите и најефикасни резултати во откривањето и гонењето на сторителите на сериозни кривични дела се постигнуваат на овој начин, со директна и континуирана тимска работа помеѓу органите на прогонот и обвинителството. Во моментов работиме на обезбедување целосна функционалност на истражниот центар преку поврзување со базите на податоци со кои располага МВР, како и преку електронско поврзување со базите на податоци на АКН, Централниот Регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и сите други институции со кои соработуваме во истрагите и постапките кои ги водиме. Со сите овие институции сме во завршна фаза на склучување договори за соработка и обезбедување на непречен пристап за нашите истражители до нивните бази на податоци што во голема мера ќе ни ја олесни работата и ефикасноста во постапувањето”, додаде шефицата на битолското обвинителство.

На отворањето присуствуваа повеќе јавни обвинители, претставници на Министерството за внатрешни работи, како и на Амбасадата на САД и на европски проекти кои во изминатиот период ја поддржуваат работата на останатите истражни центри со експертиза и донации во опрема и технологија.

Напредокот во функционирањето и целосната функционалност на истражните центри на Јавното обвинителство се истакнати и во последниот извештај на Европската комисија за состојбата со владеењето на правото во нашата држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy