
ОФИЦИЈАЛНО: Натпреварот РК Алкалоид и АЕК е одложен!
Натпреварот РК Алкалоид и АЕК е одложен!
Ова пред малку го изјави официјалниот спикер во спортскиот центар Борис Трајковски.
Причината поради која играчите на АЕК не се појавуваат на теренот е поради несогласување со навивачката група.
4NEWS.mk веќе објави дека два автобуси се задржани на грчко-македонската граница.
Сигурно е дека натпреварот вечерва нема да се одигра, но што следува? Дали воопшто овој натпревар ќе се игра и дали пехарот воопшто ќе биде доделен? Или натпреварот ќе се решава во друг термин. Ова останува нејасно.