
Официјално: Каиседо си го оствари сонот – дојде во Челси!
Каиседо сакаше исклучиво да дојде во Челси, па го одби веќе договорениот трансфер на Брајтон со Ливерпул и на крај „сините“ платија рекордна сума со дополнителни бонуси и така Еквадорецот е трет фудбалер на лондончани во оваа 2023 година кој ги чини трицифрена милионска сума, по Михајло Мудрик и Енцо Фернандез.
„Многу сум среќен што дојдов во Челси. Возбуден сум што ќе бидам дел од овој голем клуб и не размислував двапати кога дојде повикот за да се придружам. Јас знаев дека единствено сакам во Челси и ова за мене е остварување на сонот. Не можам да дочекам да почнам“, рече Каиседо.
Каиседо има 21 година и е фудбалер за врска и дополнително засилување на тимот на Маурицио Покетино, кој потпиша договор до 2031 година со опција за уште една година. Во минатата сезона во која играше импресивно, а Брајтон првпат во историјата обезбеди Европа, одигра 43 меча.
