
Официјално: Динамо Киев се засили со Рамадани од Шкендија!
Динамо Киев потпиша петгодишен договор со Рамадани, кој ќе го носи дресот со број 92 во украинскиот тим.
Рамадани ги помина младинските категории на Шкендија, а за првиот тим на поранешниот македонски првак дебитираше минатата сезона во која одигра седум меча и постигна еден гол.