Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Oдвојувањето на Македонија и Албанија би било историска грешка, вели Мицкоски – „Нашиот став за уставните измени не е променет“
Македонија

Oдвојувањето на Македонија и Албанија би било историска грешка, вели Мицкоски – „Нашиот став за уставните измени не е променет“

24/07/2023

AA

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во врска со можноста за одвојување на Северна Македонија и Албанија, доколку не се случат уставните измени, на што предупредуваат странски дипломати, оцени дека тоа би било уште една историска грешка и неправда.

-Јас и посакувам среќа и успех на Албанија и на сите останати држави, но ако овие бирократи тоа го дозволат, ќе направат уште една историска грешка и неправда кон овој можеби малуброен народ, но горд и достоинствен народ. Ние ќе се бориме да ги подобриме лошите услови, кои оваа криминална влада им ги направи на граѓаните, изјави денеска Мицкоски.

Во однос на уставните измени кои утре официјално ќе влезат во собраниска процедура, Мицкоски порача дека нивниот став останува ист и тој е поддржан од органите на партијата и од пратеничката група.

-Нашиот став е аргументиран и до сега непроменет. Не гледам причина под ваков притисок, истиот да биде променет. Тој е поддржан и од органите на партијата, од пратеничката група и очекуваме европско однесување кај нашите стратешки партнери и со една идна влада да седнеме, дел од тие околности кои се проблематични и нас не загрижуваат, да бидат променети, рече Мицкоски.

Тој потврди дека утре ќе бидат присутни во Парламентот кога ќе биде ставена точката на дневен ред, а како што рече, членовите од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против.

-Утре ќе бидеме присутни во Парламентот, и кога ќе биде точката ставена на дневен ред, членовите од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против. Така ќе биде и на самата седница кога за овие уставни измени, од работната група, предводена од Цаца Николовска доставени во Парламентот. За да почнат уставните измени, нема никаква потреба во првиот чекор да имаме содржина на истите. Очигледно е дека овие луѓе повеќе сакаат да им слугуваат на Радев и Бугарија, отколку на македонскиот народ. Нема да поддржиме отворање на иницијатива која што во овој момент ќе значи отворање на Уставот, додаде Мицкоски.

Прашан за наводните претпоставки дека Џафери ќе ја отвори седнацата на 18 август, ќе ја прекине и одложи на неодредено време, додека не го обезбеди двотретинското мнозинство, Мицкоски појасни дека такво нешто нема да има, бидејќи како што рече, „ако мислеа дека тоа е добар политички потег, можеа изминативе година дена тоа да го направат“.

-Ако се вратиме година дена назад, истите овие луѓе велеа дека во септември ќе бидат тие измени, па помина септември, па велеа на крајот на годината, па помина и крајот на годината, па велеа во февруари. Еве, помина и јули. Овие политичари направија историска грешка за иднината на Македонија и на народот. И сега се пред уште една историска грешка. Ги предупредувам да не ја прават третата грешка по ред, а тоа е отпочнување на процедура за што немаат поддршка и нема да ја имаат. Тука не е важен Христијан Мицкоски, важни се граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу

22/10/2026
Македонија

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците

22/10/2026
Македонија

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА

22/10/2026
Македонија

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме

22/10/2026
Македонија

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична

22/10/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО

22/10/2026
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди

22/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СИЛНИ ПОРАКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА САМИТОТ

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46316
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу пациенти чекаат шанса

22/10/2026

Вкупно 15 трансплантации на бубрег се извршени годинава на Универзитетската клиника за урологија, наспроти 11 во текот на цела 2025

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците им порача дека довербата е

22/10/2026

Единството и меѓусебната доверба се темелот на силна Армија, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на свечената заклетва на питомците

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА НА РИСТОВ, РЕЧЕ ВЕШТАК Според

22/10/2026

Таткото на сопругата на обвинетиот Ѓоко Ристов, Ивица Зориќ и вештото лице Емилио Фришќиќ сведочеа денеска во Кривичниот суд како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy