Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса
Македонија

Одржан првиот форум за Персонализирана медицина и геномско профилирање: Унапредување на персонализираната медицина во пракса

24/11/2023

AA

Во организација на МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, Медицинскиот факултет и Фармацевтскиот факултет при УКИМ и Фармацевтската компанија Рош се одржа форумот за Персонализирана медицина и геномско профилирање. Се дискутираше како да се унапреди персонализираната медицина во пракса.

Поврзаноста на генетиката на канцерот со персонализираната медицина, интегрирање на националната инфраструктура со цел подобрување на патот на пациентите со канцер и сеопфатна стратегија за примена на персонализираната медицина во онкологијата, се темите на кои се дискутираше на Првата конференција за персонализирана медицина и геномското профилирање. Дискусиите се водеа од медицински, фармацевтски и научен аспект со говорници од домашните институции, но исто и советници и здравствени експерти од Велика Британија, Италија, Хрватска.

Геномското профилирање и примена на иновативната терапија е во фокусот и на Министерството за здравство: „Паралелно се вложува и во персонализиран пристап во дијагностиката и третманот на пациентите. Посебно внимание посветуваме на сеопфатното геномско профилирање, како и на воведувањето и примената на иновативни терапии кои се препишуваат на пациентите исклучиво врз основа на претходно направени тестирања и проценка дека токму таа терапија ќе биде ефикасна за конкретниот пациент. Имајќи предвид дека персонализираната медицина подразбира и континуиран развој на дигитализацијата, во соработка со надлежните институции со заеднички заложби работиме и во оваа насока“, истакна заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева.

За интегрални сегменти, особено околу генетиката на канцер, геномските тестирања и можностите за унапредување на третманот на онколошките пациенти со помош на прецизната медицина, Ана Данева, советничка за здравство на Претседателот на Владата, истакна: „Ние со нашето скромно вложување во овој сегмент во последниве години сме насочени да овозможиме што поголем пристап на иновативната терапија што е од особена важност во третманот на пациентите. Она што е важно во индивидуалниот пристап започнува со проценка на фамилијарните предиспозиции и ризикот од развој на одредени заболувања со помош на генетски тестови, продолжува преку целни програми за превенција и рано откривање на болестите, што е основна задача на здравствениот систем, па се до точна и навремена дијагноза која овозможува индивидуализирана третманска стратегија. Персонализираната медицина го надминува пристапот ‘едно-решение за сите пациенти со одредена болест’ и му се посветува на секој поединец, според неговите потреби.“

Во дефинирање на вредноста на персонализираната медицина од локална перспектива, еден од клучните чинители е улогата на Фондот за здравствено осигурување и мерките што ги презема за ефикасно реалоцирање на средства со цел да се овозможи индивидуализирана, поефикасна дијагностика и третман на пациентите со канцер.

На Конференција за персонализирана медицина и геномското профилирање, беа изнесени и искуствата од примената на персонализираната медицина во Хрватска. Во однос на интегрирањето на прецизната медицина во едукацијата и сеопфатна стратегија за примена на персонализираната медицина, свое мислење даде и експертската јавност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy