Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ – во што е тајната на добивката од 31 милиони евра на УСЈЕ Титан
Економија

ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТ – во што е тајната на добивката од 31 милиони евра на УСЈЕ Титан

02/03/2025

AA

Ова е лекција како се работи профитабилно. Ја покажа македонската фабрика за производство на цемент во доминантно грчка сопственост, УСЈЕ Титан. 

Усје ги објави своите финансиски извештаи, а Билансот на успех говори дека таа компанија минатата година ја завршила со чист профит од 30,8 милиони евра. Што, пак, во однос на претходната 2023 година е раст за дури 25 проценти.

Оперативните приходи на компанијата се 103 милиони евра и тие се намалени за незначајни два отсто во однос на претходната година.

Приливите од продажбите на домашниот пазар се во пораст, а има благо затајување кај продажбите на странските пазари. 

Но, затоа е фасцинантено намалувањето на расходната страна, што значи домаќинско работење, а тоа донело вкупни оперативни расходи од нецели 68 милиони евра, што во однос на 2023 година е намалување за 14 отсто.

Тоа всушност ја прави и големата добивка, а и нејзиниот раст, а тоа е редуцирање на трошоците, на што секако дека погоди и намалувањето на цените на енергенсите во претходната година.

Всушност, најголемиот трошок, а тоа се трошоците за суровини и материјали, кои сочинуваат околу половина од расходната страна, се намалени за 17 проценти.

Вреди да се истакне и дека трошоците за вработените се зголемиле, за 5 отсто, и всушност лани за своите вработени цементарницата потрошила 6,1 милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон

05/02/2026
Македонија

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ

05/02/2026
Македонија

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА

05/02/2026
Македонија

Втор земјотрес почувствуван во Македонија

04/02/2026
Македонија

ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО Мицкоски откри што

04/02/2026
Македонија

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот

04/02/2026
Македонија

Полициска акција во Струмица и струмичко

04/02/2026
Македонија

ВЛАДАТА СО ЗАСИЛЕНА ЕУ-АГЕНДА Мицкоски најавува продолжување на реформите по

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41049
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПУЛИЗАМ ИЛИ ГРИЖА ЗА РАБОТНИЦИТЕ? Петрушевски со остри критики кон синдикатите

05/02/2026

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма остро ги критикуваше барањата на Сојузот на синдикатите

ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Утре дожд и снег низ земјава

05/02/2026

Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над

ОДЗЕМА МВР ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛСТВО, КОНФИСКУВА СУД СО ПРЕСУДА Еве што се случува со

05/02/2026

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy