
Одреден нов термин за одложеното Мерсисајд дерби
Поради ураганот Дара, мечот беше одложен, па Премиер лигата мораше да најде друг термин за негово одигрување. Мерсисајд дербито сега е закажано за 11 февруари 2025 година, исто така на Гудисон парк.
Тој ден на програмата се плејоф дуелите од Лигата на шампионите, но терминот се ослободи затоа што Ливерпул обезбеди директен пласман во осминафиналето и нема да разигрува за место во топ-16. Останува уште УЕФА да даде согласност, но поради пренатрупаниот календар, тешко дека европската фудбалска унија ќе направи некој проблем.
